Путин: „Ќе ја запреме инвазијата само ако Украина престане да се бори“

by Administrator

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор дека Русија ќе ги прекине своите воени операции само ако Украина престане со борбите и ако барањата на Москва бидат усвоени, соопшти Кремљ.

Русија инсистира дека нејзината инвазија на Украина од копно, воздух и море е специјална воена операција, за која Путин тврди, без никакви докази, дека е неопходна за „денацификација“ на земјата, пишува Би-Би-Си.

Рускиот лидер повтори дека рускиот напад се одвива според планот и распоредот.

Слични изјави имаше и претходните денови и покрај проценките на западните аналитичари дека руската воена кампања напредува полошо од очекуваното.

Според соопштението на Кремљ, Путин рекол дека се надева оти украинските преговарачи ќе заземат поконструктивен став.

Кабинетот на Ердоган соопшти дека турскиот лидер повикал на итен прекин на огнот.

Членот на украинската делегација Дејвид Арахами вчера најави дека во понеделник ќе се одржи третата рунда преговори меѓу Украина и Русија.

Претходните две рунди не ставија крај на конфликтот, но страните се договорија да воспостават „хуманитарни коридори“ за евакуација на цивилите.


Sloboden pecat

You may also like