Шефот на либанската прогресивна социјалистичка партија, ја осуди меѓународната заедница што не воведува санкции кон Израел. Валид Џамблат се осврна на неодамнешните санкции наметнати на Русија, поради нејзината инвазија на Украина кога ги даде своите коментари.
„Кога ќе се воведат санкции против Израел поради окупацијата на Палестина, исто така брзо како што и беа воведени на Русија? праша Џамблат на „Твитер“.
Тој ги опиша меѓународните институции и западните влади како „лаги“ и го обвини Меѓународниот кривичен суд дека е „бескорисен“. Ветеранот политичар инсистираше западните влади да следат политика на „расна дискриминација“.
Неодамна беше објавено дека Џамблат контактирал со амбасадорот на Украина во Либан, Игор Осташ, за да ја изрази својата солидарност со украинскиот народ. Како одговор, Осташ рече дека го почитува Џамблат „и неговиот придонес во историјата на Либан“.
„TTS“
„Dubai-Portal“








