Лукашенко: „Западот сака да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина и попатно да и заврши со нас“

by Administrator

Западот сака да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина за нашите граници да останат незаштитени, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пренесува државната агенција „Belta“, пренесува „Dubai-Portal“.

Според белорускиот претседател, „после тоа брзо би завршиле со нас, бидејќи не би можеле ниту да се вратиме од Украина за да се заштитиме“.

„Ова е тактика. Нивната стратегија е попатно да се пресметаат со Русија и со нас, за да не почнувале повторно – како во август 2020 година. Ги сфативме нивните планови и не само тоа: имаме доволно информации во прилог на тоа“, објасни Лукашенко.

Претходно, белорускиот претседател изјави дека Белорусија никогаш немала намера да војува со Украина и никогаш не ги распоредила своите вооружени сили таму.


„Belta“
„Dubai-Portal“

You may also like