Израел ја користи руската војна против Украина, за да ја поттикне миграцијата на Евреите во Израел, изјави вчера израелскиот експерт Ијад Хамдан.

Хамдан рече дека израелската окупација примила стотици секуларни Евреи кои емигрирале од Украина, со цел да се одржи рамнотежа меѓу секуларните и религиозните Евреи во Израел.

Тој истакна дека Израел не престанува да работи на зголемување на еврејското население за да го задржи еврејското мнозинство, во споредба со арапското население.

Експертот изјави дека израелската окупациска влада планира да апсорбира нови имигранти, во илегалните населби низ окупираниот Западен Брег.

Во саботата, израелскиот весник „Jerusalem Post“ објави дека израелски функционер рекол дека Израел најверојатно ќе прими 10.000 еврејски имигранти од Украина, во следните недели.

Израелското Министерство за имиграција и апсорпција, исто така, извести: „Спремни сме за итна имиграција на украинските Евреи и со оглед на ескалацијата во Украина, [тоа] ги подготвува сите сектори да помогнат и да го апсорбираат секој Евреин што сака да емигрира во Израел. ”

„Ги покануваме Евреите од Украина да емигрираат во Израел – вашиот дом“, соопшти Министерството.

Според весникот, министерот за имиграција и апсорпција Тамано Шата и министерот за финансии Авигдор Либерман, се договориле да обезбедат дополнителни буџети за реализација на итната операција за имиграција, од Украина.

Минатата година, пишува весникот, вкупно 13.006 Евреи од Источна Европа емигрирале во Израел.

„Jerusalem Post“ откри дека Израел нуди бесплатно засолниште и оброци на Евреите кои емигрираат од Украина.


„Muhabarishaji“
„Dubai-Portal“