Лигата на палестинските научници ја осудува забраната за хиџаб, во Индија

by Administrator

Лигата на палестинските научници, ја осуди забраната на Индија, за муслиманките да носат хиџаб на универзитетите, јави „Anadolu Agency“.

„Ја осудуваме забраната на Индија за носење хиџаб и повикуваме на почитување на исламската вера“, стои во соопштението на Лигата на палестинските научници

„Нагласуваме дека хиџабот е дел од неотуѓивите принципи за муслиманите и дека забраната на образовните институции во Индија се смета за војна против исламот и муслиманите, како и војна против човековите слободи и приватните права.

Според соопштението, Лигата истакна дека „индиските ограничувања за носење хиџаб во училиштата и факултетите се флагрантно кршење на обврските на Индија според меѓународното право и конвенциите за човекови права“.

Високиот суд на Индија и индиските власти мора да ги заштитат правата на сите муслимански жени, вклучително и нивните права на верска слобода, изразување и образование, се додава.


„AA“
„Dubai-Portal“

You may also like