Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес потврди дека е позитивен на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган ја потврди оваа информација преку својот официјален профил на Твитер, и наведе дека позитивна е и неговата сопруга Емине Ердоган.

„Сопругата и јас денеска имавме благи симптоми поради што направивме тест на Ковид-19 што покажа дека сме позитивни. Дознавме дека станува збор за варијантата Омикрон. Фала Богу се чувствуваме добро. Засега продолжувам да работам од дома. Ги очекуваме вашите молитви“, напиша Ердоган.