Украинските цивили со обука за одбрана на својата земја од евентуална инвазија на Русија

by Administrator

Украина започна со обука на цивилите со цел да ја подготви нацијата против евентуален напад од Русија.

Русија неодамна распореди десетици илјади војници во близина на границите на Украина, предизвикувајќи стравувања дека Кремљ планира нова воена офанзива против поранешната советска република.

Припадниците на резервниот состав на Украинската армија обучуваат цивили за методите на регионална одбрана поради околностите од можен конфликт.

Москва негира дека се подготвува за инвазија и вели дека нејзините војници се на границата за вежби.

Украина и Русија се во конфликт откако избувнаа непријателства во регионот Донбас во 2014 година, откако Русија нелегално го анектира Кримскиот Полуостров.

You may also like