Група мигранти, меѓу кои има семејства со деца и деца без придружба, со недели се борат за живот во тунел под мост во Париз, Франција, во студени временски услови, пишува Агенција Анадолија (АА).
Околу 200 мигранти од африканските земји како Мали, Буркина Фасо, Сиера Леоне, Етиопија, Алжир и Мароко, под мостот во 19. округ на главниот град, претежно во шатори го чекаат денот кога ќе бидат прифатени нивните барања за да бидат засолнети.
Линон со потекло од Конго, една од мигрантите кои живее во шаторите под мостот, за Агенција Анадолија (АА) раскажа за тешкотиите што ги доживува под тунелот.
Истакнувајќи дека живее на улица со својот 12-годишен син, кој бил опериран на 10 ноември, Линон рече дека студеното време негативно влијаеле на процесот на закрепнување на нејзиното дете и дека здравствената состојба на детето е влошена.
Линон рече дека во Франција дошла во 2018 година и дека чекала да се финализира нејзиното барање за азил кое го поднела во друг град во земјата. Но, поради здравствената состојба на синот морала да дојде во Париз.
Таа истакна дека социјалната служба во Париз секој пат ги носела на различни места за привремено сместување.
– „Ме загрижува состојбата на син ми“ –
Нагласувајќи дека не може да ја предвиди својата и иднината на детето, Линон рече: „Син ми ме праша: ‘Каде ќе го славиме Божиќ, мамо? Во шатор? Каде ќе одиме? Тоа многу ме растажува, ме боли срцето.“
Наведувајќи дека се обидува да преживее за својот син, рече дека чекаат да се сместат во засолниште каде што ќе можат да останат трајно.
– Жителите на населбата им помагаат на мигрантите –
Жителите на населените места Пре-Сен-Жерве и Пантин, кои се блиску до тунелот и се сведоци на тешкотиите што ги носат студените и дождливите временски услови, секојдневно обезбедуваат оброци и облека што ќе ги загрее мигрантите, како ракавици, чизми. Жителите имаат формирано групи за солидарност на апликацијата Ватсап.

Агате Џемин, една од локалните жители, заедно со своето 4-месечно бебе им носи помош на мигрантите кои живеат под мостот.
Таа рече дека во тунелот луѓето веќе неколку месеци живеат во шатори и дека нивниот број е зголемен со доаѓањето на зимската сезона.
Наведувајќи дека во кампот под мостот порано живееле главно мажи, Џемин рече дека веќе неколку недели доаѓаат семејства со деца, и тоа многу мали деца, меѓу кои и 18-месечно бебе.
Таа рече дека многу луѓе кои живеат во близина на мостот, исто како нејзе, носат облека и храна за да им помогнат на мигрантите. „Малите деца не можат да ја имаат храната што ја сакаат, ниту пак можат да се искапат како што треба“, додаде Џемин.
Истакна дека се обидуваат да ги предупредат властите за состојбата во тунелот затоа што граѓаните како единки не можат многу да помогнат.
Над 300 луѓе, вклучително и хуманитарни организации како што е „Утопија 56“, од Ле Пре-Сен Жерве, Франција, на 28 ноември организираа марш за да ги потсетат властите на нивната одговорност за состојбата на мигрантите кои мораа да се засолнат под мостот.
Anadolu Agency









