Соборената лидерка на Мјанмар, Су Чу, осудена на 4 години затвор

by Administrator

Соборената лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чу, е осудена на 4 години затвор за првото од низата обвиненија кои се поднесени против неа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-би-си“ (BBC), собор

ената лидерка е прогласена за виновна за поттикнување на народот на бунт и кршење на правилата за новиот тип на коронавирус (Ковид-19).

На Су Чу, која ги негираше сите обвиненија, ѝ се суди по 11 различни обвиненија.

Останува нејасно дали Су Чу, која е во домашен притвор, ќе биде префрлена во затвор.

По истите обвиненија, на 4 години затвор е осуден и поранешниот претседател на Мјанмар, Вин Минт.

– Воен удар во Мјанмар –

Армијата на Мјанмар ја презеде власта во земјата на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).

Како резултат на вооружената интервенција на Армијата на Мјанмар врз демонстрантите против пучот, досега 902 цивили го загубија животот, а илјадници се приведени.

Во меѓувреме, според Организацијата за помош на политички затвореници (AAPP), од пучот во земјата животот го загубиле 1.200 луѓе, а приведени се околу 10 илјади.

Додека во земјата се одржуваат демонстрациите што започнаа на 6 февруари со барање за враќање на демократијата, продолжува судењето на приведените високи државни функционери пред Воениот суд.

Anadolu Agency

You may also like