ИСТАНБУЛ (АА) – Во операција во Истанбул пронајдени се 1.730 артефакти, додека осомниченото лице е уапсено, јавува Агенција Анадолија (АА).
По дојавата, извршена е рација во околината на Умраније, соопшти денес неимнеуван безбедносен извор.
Меѓу пронајдените артефакти има 744 премети за кои се верува дека се од хеленистичкиот, византискиот и османлискиот период, 532 морски фосили од периодот на палеолитот, 50 рачни клинови и ножеви, и 374 монети од османлискиот период.
Проучувањето на артефактите дава информации за културите од минатото и за нивниот начин на живот.








