Четворица повредени во напад на израелската полиција, врз куќата на гувернерот на Ерусалим

by Administrator

Четворица Палестинци се повредени, во рација на израелската полиција во домот на гувернерот на Ерусалим, Аднан Гајт, во окупираниот Источен Ерусалим, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Четворицата лекари укажале помош на лице место, се наведува во соопштението.

Канцеларијата на гувернерот соопшти, дека израелската полиција упаднала во куќата и го нападнала неговото семејство.

Гувернерот е повреден на раката, се вели во соопштението.

Гувернерот претходно неколку пати беше приведен од израелските сили.

You may also like