Палестинските фракции ја осудија одлуката на Британија, да го прогласи палестинското исламско движење на отпорот Хамас, за „терористичка“ организација, јавува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, изјави во петокот дека не е можно да се направи разлика помеѓу политичкото и военото крило на Хамас.

„Оваа одлука е насочена кон легитимен палестински отпор кон израелската окупација“, соопшти Народниот фронт за ослободување на Палестина.

„Оваа одлука е продолжување на непријателските ставови на Обединетото Кралство (United Kingdom) кон палестинскиот народ и правата. Оваа одлука е целосно пристрасна кон ционистичкиот ентитет и неговата агресија врз Палестинците и нивните легитимни права“, се наведува.

Во меѓувреме, движењето „Исламски џихад“ во Палестина изави: „Оваа непријателска и репресивна одлука не служи никому освен на ционистичката окупација. Отпорот е легитимно право на Палестинците. Сите палестински групи на отпор никогаш нема да се откажат од ова право, без оглед на формата и големината на британската пристрасност против тоа“, стои во соопштението на движењето „Исламски џихад“.

Во соопштението на Движење на муџахедини се вели: „Повлекувањето на палестинскиот отпор од списокот е продолжување на непријателството на Западот кон Палестинците, нивното прашање и нивниот отпор. Оваа одлука дава нов покритие на ционистичката окупација со зголемување на нејзината агресија и злосторства против нашиот народ и нашиот отпор“.


„MEMO“
„Dubai-Portal“