Фајзер (Pfizer Inc.( денеска објави дека нејзиниот приход скокнал за неверојатни 134 отсто оваа година и достигнал 24,1 милијарди долари во третиот квартал од фискалната 2021 година. Приходите од вакцините достигнаа 14,6 милијарди долари во третиот квартал, што е зголемување од 749 отсто во однос на истиот период минатата година.

Заработката по акција (EPS) достигна 1,42 долари, откако се зголеми за 446 отсто во однос на третиот квартал на 2020 година, додека заработката скокна за 455 отсто на годишно ниво на 8,1 милијарди долари, објавено е денеска.

Сето ова ја потврдува фактичката состојба кога станува збор за фармацевтските компании кои профитирале до тој степен што се посилни од самите држави, па затоа е оправдано верувањето на мнозинското население кое тврди дека овие фармаколошки компании влијаат на одлуките на владата и кризните штабови кога станува збор за воведување и спроведување на фашистички мерки.