Имајќи ги во предвид последните изборни резултати од локалните избори во Струга, и за тоа на кој начин истите се одвиваат и како и кој заврши од првиот во вториот круг, се поставува прашањето, дали повторно ни се случува до некаде нешто што наликува на реприза или на нешто слично на тоа, само со мали разлики ?

Да појасниме, точно, во 2017 година за време на локалните избори во вториот круг, битка за градоначалничкото место, водеа кандидатот на ДУИ-г-динот Рамиз Мерко и г-динот Зијадин Села кандидат на Алијансата на Албанците.

Малку поопширно:

Во 2017 година на локалните избори во првиот круг битката помеѓу овие два кандидати изгледаше вака:

  • 1.Зијадин Села – АА  9.289 гласови или 30,27%
  • 2.Рамис Мерко – ДУИ 7.916 гласови или  25,80%

Имајќи ја во предвид ваквата ситуација,а и тоа дека ДУИ беше коалиционен партнер на СДСМ на сцена стапува премиерот Зоран Заев, кој директно своето членство и симпатизери ги повика да го поддржат, односно гласаат за Рамис Мерко.

Согледувајќи ја моменталната ситуација дека Зијадин Села може во вториот круг да го победи на Мерко, според тогашните завршни анализи, дел, а можеби и 100% од гласовите на кандидатот на СДСМ, тогаш г-динот Васил Ашталкоски со освоени 7.140 и доколку членството го послушало на Заев, се прелеаа на контото на Мерко, и резултатите во вториот круг го донесоа Мерко за нов градоначалник, а тогашните резултати од вториот круг изгледаа вака:

  • 1.Зијадин Села – АА  13.157 гласови или 46,73%
  • 2.Рамис Мерко – ДУИ 13.945 гласови или  49,53%

За разлика од тогашните локални избори и резулатите, во последниве избори ситуацијата до некаде е слична, и се може да се случи во зависност од комбинаториките иако разликата помеѓу двата кандидати и не е толку мала односно 1.535 гласа во корист на Рамис Мерко, во однос на Идри Истрефи кој е кандидат на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

Во првиот круг од годинешниве локални избори резултатите изгледаа вака:

  • 1.Рамис Мерко – ДУИ  10.956 гласови
  • 2.Идри Истрефи АА 9.421 глас

Имајќи ја во предвид ваквата ситуација, и сличностите ( коалиција СДСМ-ДУИ ), се поставува прашањето дали и овој пат Зоран Заев ќе се најде во улога на спасител за Мерко, можеби јавно или тајно да побара подршка за Мерко, притоа имајќи ги во предвид гласовите добиени за нивниот кандидат Димче Шипинкароски со освоени 4.352 гласови како и ситуацијата околу катастрофално слабите резулати на СДСМ и односите со коалициониот партнер во нивните комбинаторики, останува да се види.

Тоа ќе го дознаеме наскоро во наредниве неколку денови.

Па нели со Македонската политика и политичари, сѐ е можно, односно едно се зборува а друго се прави,  и за тоа дали Заев повторно ќе се јави како спасител за Мерко и покрај неговата изјави дека “Мерко ги изгорел“ останува да се види..Зошто да не…