„Јас, Самир, ве повикувам во недела масовно да излезете и да ми ја дадете довербата, заокружувајќи го бројот 11. Во оваа политичка борба влегов со чист образ, со чесност и коректност и убеден сум дека ќе ја добијам вашата подршка, бидејќи на моја страна се мојата чест и углед. Немам ниту една црна дамка во мојата кариера и знам дека сум најдобрата понуда. Заедно со вас ќе свртеме една нова страница за Струга и струшко и затоа сум убеден дека ќе победам.“

„Дозволете ми во оваа прилика, да му се обратам на Лабуништани, моите пријатели, роднини, сонародници од Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица и цело струшко, дека мојот приоритет е инвестирање во овие рурални средини, бидејќи моите конкуренти многу малку или вопшто не направиле и не инвестирале во овие места. Свесен сум дека на моја страна се мојата младост, но и чест и честитост и затоа верувам дека вие нема да ме изневерете. Драги браќа и сестри, верувам во вас.“


„Dubai-Portal“