Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека нема да се покае никој кој ќе верува во Турција и ќе инвестира во тој регион, туку дека ќе биде задоволен од остварената голема заработувачка, известува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Ердоган учествуваше на свеченото полагање на камен-темелник за изградбата на голем комплекс за производство на полипропилен во местото Џејхан и на церемонијата организирана по повод завршувањето на низа проекти во турската област Адана.

Ердоган во своето обраќање истакна дека ниту овој пат не дошол со празни раце во Адана, и додаде дека свечено отвора фабрики и реализирани проекти во кои од буџетот и приватниот сектор се вложени вкупно 4 милијарди турски лири (над 446 милиони долари).

На свеченоста се отворени 63 училишта и два студенски пансиони, како и два студентски домови со капацитет од 1.000 лица, потоа нов стадион и три фудбалски терени за млади.

Претседателот Ердоган свечено ја отвори и Државнаа болница Џејхан со капацитет од 250 легла, и седум амбуланти за семејна медицина, како и новата Палата на правдата, делницата на железничката пруга Адана – Мерсин и низа проекти од други области.

„Денес полагаме камен-темелник на една од најголемите инвестиции во приватниот сектор во Турција. Свечено отвораме и 26 новоизградени фабрики, чија изградба е завршена во екот на пандемијата на Ковид-19. Сето тоа се симболи и показатели дека Турција и во најтешките услови одлучно чекори кон зацртаните цели“, порача Ердоган.

Големиот Комплекс за производство на полипропилен се гради во индустриската зона во Џејхан, која е отворена во 2007 година. Компанијата која го гради овој објект, инвестираше 1,7 милијарди долари, во сораборка со алжирскиот партнер, кој ќе набавува сировини.

„Цел е комплексот да биде изграден и да почне со производство во 2024 година. Погонот ќе работи, почитувајќи ги нависоките еколошки стандарди“, рече Ердоган.

Претседателот на Турција рече и дека планот за Револуција на зелен развој на Турција се издигнува на ново ниво во сите подрачја, вклучувајќи ги и индустријата и извозот.

„Ги повикувам сите инвеститори во земјата и во светот, да ги анализираат можностите што им ги нуди Турција. Дојдете заедно да заработуваме. Нашата врата е секогаш отворена за инвеститори“, порача Ердоган.

Претседателот Ердоган рече и дека Турција ги штити своите граѓани од енормното поскапување на енергијата, стоката и услугите, до кои доаѓа на глобално ниво.


„Anadolu Agency“