Командантот на граничната стража во иранските сили за спроведување на законот, бригадниот генерал, Ахмед Али Гударзи (Ahmed Ali Goudarzi), потврди дека израелската шпионажа во Азербејџан се следи целосно, објави во петокот „Ал Мајадин“ („Al Mayadeen“), пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Гударзи нагласи дека границата на неговата земја, особено на север и северозапад: „Безбедна е, и нема за што да се грижите“.
Говорејќи за иранската државна телевизија, тој објасни дека Израелците се стационирале на важни и чувствителни локации во Азербејџан (Azerbaijan), со намера да го шпионираат Иран, откри „Ал Мајадин“ („Al Mayadeen“).
Минатата недела, азербејџанското Министерство за надворешни работи негираше присуство на какви било сили во близина на иранско-азербејџанската граница.
Претходно, иранските официјални претставници, побараа Азербејџан „да се откаже од илузијата за купување безбедност во нивната земја од странски сили“, тврдејќи дека „актуелната влада во Азербејџан прави стратешка грешка“.
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи, Хuсеин Амир-Абдолахијан, во петокот забележа дека присуството на израелските разузнавачки служби во Азербејџан не е од корист за неговата земја.
Тој нагласи дека Иран (Iran): „Нема да дозволи ционистичкиот ентитет да спроведува активности во Кавкаскиот регион“.
„Dubai-Portal“
„MEMO“
