Цените на гасот на светскиот пазар почнаа значително да паѓаат откако рускиот претседател, Владимир Путин (Vladimir Putin), изјави дека е подготвен да помогне да се стабилизираат зголемените цени на енергијата во светот, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“ („Financial Times“)

„Цените на пазарниот гас нагло паднаа во средата, откако рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека неговата земја е подготвена да придонесе за стабилизирање на зголемените светски цени на енергијата, што ја загрозуваат индустриската активност и нагло ја зголемуваат инфлацијата“, се вели во написот.

Според податоците од берзата „Ајс Фјучрс“ („ICE Futures“), цената на гасот вчера постави нов историски рекорд, достигнувајќи вредност од 1.937 долари за илјада кубни метри. До крајот на денот, цената се намали за над 600 долари.

Според весникот, претставникот на консултантската компанија „ИКИС“ („ICIS“), Том Мерзек Мансер, средата беше „најнестабилниот и најнепредвидливиот ден што многу играчи од пазарот го виделе“.

Британскиот весник „Телеграф“ („Telegraf“) пишува и за остриот пад на цената на бензинот по обраќањето на Путин, нагласувајќи дека цената на гасот во секој случај е седум пати повисока од вообичаената цена за Велика Британија.

Што кажа Путин?

Вчера, 6 октомври, Владимир Путин одржа состанок посветен на енергетските прашања. Рускиот претседател рече дека „Русија е подготвена да придонесе за стабилизација на светскиот енергетски пазар, но дека е неопходно тоа да се направи на комерцијална основа, земајќи ги предвид интересите на сите учесници. Како што додаде, снабдувањето со гас на берзите може да се зголеми, но не на лице место во Европа, туку во Санкт Петербург (Sankt Petersburg)“.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“