Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, денеска во Луксембург потврди дека во најновата снимка мигрантите биле претепани од припадниците на хрватската полиција на границата меѓу Хрватска и БиХ, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.
Божиновиќ го рече тоа по состанокот на министрите за внатрешни работи, на земјите од Европската унија.
„Кога директорот на полицијата ги виде тие снимки, испрати експертска екипа која работеше многу интензивно. Колку што знам, тие утврдија дека напаѓачите се полицајци“, рече Божиновиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Тој додаде дека целата постапка ќе се одвива според утврдената постапка, така што, како што наведе, не знае кога ќе излезе некој од полициското раководство со повеќе детали.
„Sputnik“
„Dubai-Portal“
