На 15.09.2021 година во ОВР Струга пријавено е дека била пронајдена експлозивна направа во водите на реката Црни Дрим во Струга.

По извршен увид, од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување констатирано е дека се работи за бомба од Првата светска војна која е безбедно подигната.