Во четвртокот, хрватското Министерство за земјоделство ги информираше потрошувачите за оповлекување на пијалокот „Jana Vitamin naranča happy“ од компанијата Јамница, поради можната содржина на етилен оксид. Jana Vitamin naranča happy во ПЕТ шишиња од 1,5 литри со рок на траење од 13.01.2022 година, и во ПЕТ пакет од 0,5 литри со рок на траење од 20.01.2022 година се отповикуваат. Овие производи, кои се пласирани на пазарот од „Јамница плус д.о.о.“, се повлекуваат од продавниците како мерка на претпазливост поради можното присуство на траги од етилен оксид во овошната база на добавувачот. Хрватската агенција за земјоделство и храна наведува дека овие производи не се во согласност со европските регулативи за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната. Поништувањето се однесува исклучиво на пијалоци во наведеното пакување и датуми на истекување, се наведува во соопштението, пренесува Хина.
(Вијести.ба / ФЕНА)










