Најмалку 1.146 лица загинаа обидувајќи се да стигнат по морето, во Европа во првите шест месеци од 2021 година и тој број е повеќе од двојно зголемен во споредба со истиот период минатата година, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пишува „Al Jazeera“, пренесува „Dubai-Portal“.
Според податоците на ИОМ, во првата половина на 2020 година, најмалку 513 лица се удавиле обидувајќи се да го преминат морето за да стигнат до европското копно.
„ИОМ го повторува својот повик до државите да преземат итни и проактивни чекори за да се намалат загубите на живот на патиштата за поморска миграција кон Европа и да се усогласат со своите обврски според меѓународното право“, рече Виторино, генералниот директор на организацијата, пренесува „Anadolu“
Тој додаде дека зголемувањето на напорите за пребарување и спасување, воспоставувањето предвидливи механизми за слетување и обезбедувањето пристап до безбедни и легални миграциски патишта, се клучни чекори кон постигнување на оваа цел.
Недоволни операции за пребарување и спасување
Бројот на луѓе кои се обиделе да преминат на Средоземното море, преку Европа се зголеми за 58 проценти во периодот од јануари до јуни годинава, во споредба со истиот период во 2020 година.
Во првата половина на 2021 година, повеќето од мажите, жените и децата кои се удавиле обидувајќи се да дојдат во Европа, 896 од нив се удавиле во Средоземното Море.
Околу 250 лица се удавија додека се обидоа да стигнат до Шпанските Канарски острови, на западноафриканско-атлантската рута.
Според најновиот извештај, зголемениот број на смртни случаи е поврзан со недоволни операции за пребарување и спасување на Средоземното море и на атлантската рута до Канарските острови, каде што растат и пресретнувањата покрај северноафриканскиот брег.
„Al Jazeera“
„Dubai-Portal“










