Канада: Демонстрантите ја срушија статуата, на кралицата Викторија

by Administrator

Демонстрантите во Канада ја срушија статуата на кралицата Викторија поради растечкиот гнев од откривањето на необележани гробови во три резиденцијални училишта за домородни деца во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По маршот во чест на преживеаните и жртвите на канадскиот училишно-резиденцијален систем, демонстрантите вчера ја срушија статуата пред Законодавниот дом на Манитоба во Винипег.

Одбележувањето на Денот на Канада, на 1 јули, беше засенето од застрашувачката вест за откриените 1.148 необележани гробови на местата на три поранешни резиденцијални училишта за деца Индијанци.

Првото резиденцијално училиште е отворено во 1820-тите години, а во земјата имало вкупно 139 вакви училишта – последното е затворено во 1996 година. Целта на училиштата била учениците да ја прифатат културата на белците.

Околу 150.000 деца на Првите нации (Индијанци на просторите на Канада), од Метисите и Инуитите престојувале во интернатските училишта, многу често насилно земани од нивните родители. Преживеаните раскажуваат застрашувачки приказни за физичко, психичко и сексуално злоупотребување.


Anadolu Agency

You may also like