Формула 1: Мерцедес му го продолжи договорот на Хамилтон

by Administrator

АНКАРА (АА) – Тимот од Формула 1, Мерцедес, соопшти дека британскиот пилот Луис Хамилтон до крајот на 2023 сезона ќе биде дел од овој тим, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението објавено на интернет-страницата на тимот на Мерцедес, потпишан е нов двегодишен договор со 36-годишниот пилот, чиј договор истекува кон крајот на 2021 година.

Инаку, Хамилтон првпат дојде до победа во Ф1 во 2008 година со тимот на Мекларен.

Тој во 2013 година се префрли во Мерцедес.


Anadolu Agency

You may also like