Рускиот лидер, Владимир Путин, потпиша указ за усвојување на новата Стратегија за национална безбедност на Руската Федерација, објавена е на порталот на претседателската администрација, пишува „Sputnik“, пренесува „Dubai-Portal“.

Како што е наведено, овој указ стапува на сила од моментот на неговото потпишување.

Претходно, новата верзија на Стратегијата за национална безбедност, беше усвоена од Советот за безбедност на Русија.

Кои се новите стратешки национални приоритети на Русија?

Секретарот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, кон крајот на мај, откако Путин повика на разгледување на новата стратегија, рече дека еден од приоритетите на стратегијата ќе биде безбедноста на информациите, бидејќи тоа е област каде се појавуваат нови закани

Покрај тоа, како што наведе, друг од главните приоритети ќе биде заштитата на традиционалните духовни и морални вредности, културата и историската меморија, односно борбата против ревизијата на историјата.

Во новата стратегија ќе се зборува и за заканите што се создаваат благодарение на новите и напредни технологии, но и во обидите да се мешаат во внатрешните работи, додаде тој.

Новата стратегија ги штити руските граѓани

Според руските медиуми, новата стратегија вклучува и зголемување на животниот стандард на руските граѓани, зајакнување на единството на руското општество, постигнување на националните цели за економски развој, како и зголемување на меѓународниот престиж на земјата.

Стратегијата предвидува и подигнување на нивото на предвидливост во земјата, како и доверба и безбедност во меѓународната сфера, но и ниво на соодветно усвојување на симетрични и асиметрични мерки со цел да се спречат непријателски активности на други држави, кои го нарушуваат суверенитетот и територијален интегритет на Руската Федерација.


„Sputnik“
„Dubai-Portal“