Ситуацијата со „Bugatti“ останува нејасна. На прв поглед можеби делува дека состојбата во француската компанија е речиси совршена, со константното лансирање на нови варијанти базирани на Chiron. Но, малку е познато што се случува зад затворени врати, а се чини дека матичната компанија, „Volkswagen“ Групација, вложува сериозни напри да се ослободи од „Bugatti“.

Првите шпекулации за тоа дека VAG сака да го продаде „Bugatti“ се појавија пред неколку години, а одлуката да не се дозволи уште еден целосно нов модел во поставата на францускиот бренд е јасна индикација дека Германците не сакаат да вложуваат нови милиони во производителот. Последните шпекулации се појавија во септември минатата година кога беше објавено дека VW размислува да го продаде „Bugatti“ на друг производител.

Сагата е далеку од готова, барем така делува, бидејќи според најновиот извештај индицира дека „Volkswagen“ би можел да ги најави своите планови за иднината на „Bugatti“ наскоро. Цитирајќи го Оливер Блуме, членот на бордот на директори на „Volkswagen“ Групацијата и извршен директор на „Porsche“, Automotive News пренесува дека герамнската компанија е блиску до тоа да ја соопшти конечната одлука наскоро.

Овој медиум исто така потсетувањ дека „Porsche“ работи на стратешко партнерство со Rimac кое би моежло да прерасне во заедничка компанија меѓу германскиот и хрватскиот производител. Ова се поклопува со недоамнешните извештаи дека Rimac би можел да го преземе „Bugatti“ преку новоформираниот заеднички потфат со „Porsche“.

Се чини дека следните неколку месеци би можеле да бидат прилично драматични за луѓето од Молсхајм. Дали продавањето на брендот на друга компанија ќе биде добро за „Bugatti“, се уште е рано да се каже.


„Avtoplus“