Островското дерби меѓу Англија и Шкотска не ги оправда очекувањата кога станува збор за головите, затоа што нив ги немаше па така двете селекции одиграа 0:0. Англичаните важеа за големи фаворити, меѓутоа Шкотланѓаните добро се држеа, па дури можеа на крајот да заминат и со три бода од „Вембли“. Во последното коло играат Англија – Чешка и Шкотска – Хрватска, со тоа што Англија и Чешка влегуваат во последното коло со по 4 бодови, додека Шкотска и Хрватска имаат по еден.
Претходно се одигра и дуелот меѓу Хрватска и Чешка кој заврши без победник 1:1. Чесите поведоа со гол на Шик (негов трет во првенството) од пенал во првиот дел. Во 47. минута Перишиќ донесе израмнување.
Првиот натпревар денеска се одигра во Санкт Петербург, каде Шведска ја совлада Словачка со 1:0. Отпорот на Словаците беше скршен во 77 минута со гол од пенал кој го постигна Форсберг.







