Голманот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Донарума, е најдобриот играч на европското фудбалско првенство, одлучи УЕФА. Младиот чувар на мрежата кој има само 22 години но и 33 настапи за својата земја, одигра клучна улога во синоќешната победа на Италија во финалето со Англија каде меѓудругото одбрани два удари од белата точка при изведувањето на пенал серијата.
ЕВРО 2020
Репрезентацијата на Италија се искачи на европскиот фудбалски Олимп по победата над Англија, на пенали, на „Вембли“ во финалето на ЕП 2020, а последната одбрана на Џанлуиџи Донарума предизвика вистинска експлозија на радост меѓу навивачите на Апенините.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=nNCsUp90-O0[/embedyt]
„Азурите“ беа во исчекување на континенталната фудбалска титула цели 53 години, поточно од турнирот во 1968 година на кој беа домаќини.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=OKiBfWDpWDA[/embedyt]
Голем број на навивачи се собраа ноќеска на улиците на сите италијански градови.
„Nova“ Tv
Данците не можат да се помират со поразот: „Се беше наместено за Англија да оди во финалето“
Англија со 2:1 ја совлада Данска по продолженијата во полуфиналето на ЕП, а ниту по проспиената ноќ не стивнуваат страстите по контроверзно досудениот пенал за „Гордиот Албион“.
Победничкиот гол го постигна Хари Кејн во финишот од првото продолжение откако прво Каспер Шмајхел го одбрани пеналот на напаѓачот на Англија, но не можеше да го запре вториот удар. На пеналот му претходеше најконтроверзниот момент на натпреварот, судијата Дани Макели досуди пенал за Англија по сомнителниот старт над Рахим Стерлинг и токму таа одлука предивикува највеќе контроверзи и дискусии во европската фудбалска јавност.
Данците веќе се помирија со податокот дека „војната“ е неправедно загубена, но уште долго време ќе се зборува за овој натпревар.
– Се беше режирано за победа на Англија. Вообичаено на европските првенства, една половина од стадионите е во бојата на една репрезентација, а втората половина на другата репрезентација, меѓутоа ова изгледаше како домашен натпревар за Англија- се зборовите на данскиот селектор Каспер Хјулманд за данскиот таблоид БТ кој во најавата за натпреварот упати провокација кон Англичаните.

„Замислете да можеше 30.000 дански навивачи да можеа да присуствуваат на натреварот, но наместо тоа Англичаните воведоа смешни корона мерки и ги спречија нашите навивачи да отпатуваат во Лондон. Но, не беше само атмосферата, целиот спектакл околу полуфиналето изгледа како англиска забава за финале“, пишува данскиот таблоид.
Sloboden pecat
Финалето на ЕВРО 2020 во кое ќе игра Италија против Англија на 11 јули на „Вембли“ во Лондон, ќе се гледа и на „Олимпико“ во Рим. Ова го иницирала градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.
Предлогот е доставен до Италијанскиот олимписки комитет, а Раџи наведе дека финалето би се гледало со сите протоколи.
Стадионот би примил ограничен број на гледачи кои ќе треба да бидат вакцинирани против Ковид-19. Финалето би се гледало на големи екрани поставени на теренот.
Во Рим се играа четири натпревари на ова ЕВРО 2020.
Tv „21“
Англиската фудбалска репрезентација за првпат во историјата ќе биде дел од едно финале на Европско првенство, а мора да се напомене дека не можеа да замислат подобро сценарио за одигрување на истото, бидејќи како домаќините ќе ги одмерат силите со Италија на „Вембли“.
Селекцијата која ја предводи Герет Саутгејт направи историја со самиот пласман на завршниот меч на континенталниот собир, на кој морални победници остануваат Данците кои вечерва загубија во полуфиналето во дополнителните 30 минути игра.
Данска покажа херојска игра и вечерва, поведе со голот на Дамсгард, но на крајот не успеа да приреди голема сензација на англискиот храм на фудбалот и потклекна во дополнителните 30 минути игра по еден контроверзен пенал.
Англија се врати во игра со автоголот на Кјаер и израмни на 1:1, резултат кој беше активен и по 90 минути игра во регуларниот дел. Англија напаѓаше, Данците се ориентираа на бранење и се одлучија за игра на контри, а клучниот момент се случи во 102-та минута кога Рахим Стерлинг падна во шеснаесетникот на гостите.
Макели немаше дилеми и веднаш покажа на белата точка, па иако одлуката изгледаше престрога, истата беше потврдена и од ВАР собата и Кејн доби шанса за гол. Шмајхел го одбрани пеналот, но одбиената топка се врати кај напаѓачот на Тотенхем и постигна погодок по кој следеше ерупција на „Вембли“.
Со овој резултат, Англичаните за првпат обезбедија финале на едно Европско првенство и во недела ќе играат против Италија, додека Данците ќе мора да почекаат за второ по она во 1992-ра година.
Derbi
ЕВРО 2020: Англичаните за историско финале, Данците сонуваат реприза од 1992 година
Противникот на Италија во финалето на Евро 2020 ќе биде познат вечерва по одигрување на второто полуфинале во кое ќе се сретнат Англија и Данска.
Селекцијата на Италија вечерва ќе го дознае противникот во финалето на ЕП, на „Вембли“ од 21 часот се среќаваат Англија и Данска која е најпријатно изненадување на првенството.
Овој натпревар за Англија ќе биде историски бидејќи ќе има шанса за прв пат да се пласира во финалето на континеталниот собир. Последен пат во полуфиналето, Англичаните играа 1996 година исто така на домашен терен на „Вембли“ но загубија од Германија по пенал рулетот.
Трагичар на тој натпревар беше актуелниот селектор Гарет Саутгејт, кој сега ќе има можност да го оствари најголемиот успех во кариерата.
„Имаме историска шанса бидејќи никогаш не сме играле во финале на Европско првенство. Нема притисок за фудбалерите, пред нив е уште едно искушение. Данска е добра екипа и не очекува фантастичен натпревар“, смета Саутгејт.

Еден од адутите на Англија е цврстата одбрана, „Гордиот Албион“ сè уште нема примено гол на ЕП, а во нападот блескаат Хари Кејн и Рахим Стерлинг кои постигнаа по три гола.
„Данска е одлична екипа, игравме против нив во Лигата на нации минатата година. Мора да се фокусираме на нашата игра, играме на домашен терен и оваа шанса мора да ја искористиме. Знаеме дека е потребно да одиграме фантастично за да се пласираме во финалето“, порача Кејн.
Англија ќе има предност на трибините, на „Вембли“ се очекува да има околу 60.000 англиски навивачи бидејќи Владата како дел од мерките за борба против пандемијата на коронавирусот забрани доаѓање на навивачи од странство.
„Чувството е како да играме натпревар на гости, сепак и тоа има некој свој шмек. Се радувае на натпреварот со Англија, среќни сме што ќе има навивачи на „Вембли“ иако би сакал на трибините да има и наши навивачи. Ќе се обидеме да ги замолчиме навивачите, но ќе биде тешко“, вели селекторот на Данска, Каспер Хјумланд.

Данска сигурно не е поголема фудбалска нација од Англија, но има поголем резултат на Европските првенства. Додега Англичаните сонуваат европска титула, Данска триумфира во 1992 година кога на турнирот влета како замена за поранешната СФР Југославија. Фудбалерите се надеваат дека ќе успеат да го повторат овој успех и ќе го замолкнат „Вембли“.
„Пред почетокот на ЕП целта ни беше да дојдеме до „Вембли“, а тоа е самата завршница. Оттогаш се случија многу работи, но целта ни остана иста. Подготвени сме за полуфиналето, чувството е неверојатноt“, порачува репрезентативецот на Данска, Томас Дилејни.
„Sloboden pecat“
Италија е прв финалист на ЕУРО 2020 откако на пенали ја совлада Шпанија со 4:3.
Во регуларниот дел беше 1:1. Киеза во 60. минута донесе водство за Италија со убав гол. Но, по прекрасната акција Мотрата израмни и донесе продолженија. Двете селекции направија неколку измени со што се наруши концепцијата, а профитираа Шпанците.
Во продолженијата остана истиот резултат што се премина на изведување на пенали.
А, таму Шпанија промаши два прнали, а Италија само еден и отиде во финалето.
TV „21“
Италија против Шпанија е денешната прва полуфинална пресметка на ЕУРО 2020 година, за пласман во големото финале.
Европска класика која што ќе го даде првиот финалист на ова ЕУРО. Двете селекции некако како фаворити од сенка влегоа на овој шампионат, а излезе дека се пласираа меѓу најдобрите четири селекции.
Италија влегува во пресметката со Шпанија со сите победи на ЕУРО (една во продолженијата), додека Шпанија во досегашниот тек има само еден триумф во регуларен дел (Хрватска ја исфрли по продолженијата, а ја елиминираше Швајцарија на пенали).
Tv „21“
Хери Кејн со два гола, Хари Мегваер и Џордан Хендерсон со по еден ѝ донесоа на Англија голема победа, за Англичаните да се вратат дома, на својот „Вембли“ и да пробаат да го освојат ова Еуро 2020, откако веќе 55 години чекаат на голем трофеј, уште од домашниот Мундијал во 1966 година, кога станаа светски прваци.
Воведните пет минути од вториот дел ја скршија Украина кога Мегваер и Кејн по центаршутевите на Лук Шо, набрзина дадоа два гола за убедливата предност од 3-0, откако по четири минути од стартот на мечот Кејн ја урна украинската дефанзива за водство, а Џордан Хендерсон ги дотепа со четвртиот гол, трет во низата со глава, кога практично веќе сѐ беше јасно за полуфиналето на Англичаните.
Англија на Европските првенства никогаш не успеа да стигне до финале, па сега последна пречка ќе им бидат Данците, кои денеска по 1992 година и 29 години дојдоа до прво полуфинале. Пресметката е во среда на 7 јуни, а ден претходно Италија и Шпанија ќе се пресметаат во првиот меч во полуфиналната рунда.
Колку што убедливиот настап на Англија за полуфинале ги радиува навивачите, уште побитно за овој тим е податокот дека и петти меч во низа не примија гол, што уште повеќе му дава сигурност и самодоверба на „Гордиот Албион“ дека веројатно чукна часот за оваа селекција конечно да се израдува на голем трофеј.
За Англија ова е второ големо полуфинале, откако на СП во Русија во 2018 година исто така стигнаа до најдобрите четири, но беа елиминирани од Хрватска.
„Sport 1“
Фудбалерите на Данска се радуваа на пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако ја победија Чешка со 1-2 (0-2) во Баку. Данците во ниту еден момент не отстапија од напаѓачката филозофија и со неа ѝ одржаа лекција на Чешка. Со два погодоци во првиот дел, скандинавската селекција си направи солидна предност со која и покрај брзиот одговор по паузата, успеа да си обезбеди место меѓу четирите најдобри.
Натпреварот тргна со стандардното испитување на силите, игра на средината и блага иницијатива на Чесите. Сепак, Данска успеа да дојде до предност од првата вистинска можност на мечот, по само пет минути игра. Од корнер нафрли Стригер Ларсен, а дефанзивците го „заборавија“ Томас Делејни осамен на пеналтикот, па овој со глава го матира Вацлик за 0-1.

Натпреварот се отвори, тактичките замисли паднаа во вода и двете селекции тргнаа посмело. Данците имаа две закани да ја удвојат позитивата преку Дамсгард чиј удар го фати Вацлик, а Делејни не го погоди голот. Најголемата неискористена можност во првиот дел ја имаше Томас Холеш, кој излета сам пред противничкиот гол, ама Каспер Шмајхел му фати зицер.

Казната на спротивната страна пристигна пред истекот на првото полувреме преку Каспер Долберг. Акцијата по левата страна тргна од Вестергард кој упати долга топка кон Маеле, а овој со атрактивна асистенција со надворешно ефе го пронајде напаѓачот на Ница. На Долберг не му беше тешко „сервираната“ топка да ја смести во мрежата на Чесите за 0-2 во 44. минута од средбата.

Веднаш на стартот на второто полувреме Чешка се врати во игра. Цоуфал уфрли прецизна топка на пеналтикот, неа ја сочека Патрик Шик и со прецизен низок удар го матира Шмајхел за 1-2 во 49. минута.
Јасно беше дека Чесите ќе мора да притиснат за да се вратат во игра, но изненадување беше фактот дека Данска не прејде во целосна дефанзива. Напротив, избраниците на Хјулманд играа смело и притискаа за нов гол. Тие дури имаа и две големи шанси преку Поулсен и Маеле, но голманот Вацлик ја сочува надежта на својата селекција. Офанзивниот пристап на Данците ја изненади Чешка, која немаше решение и немаше вистинска шанса да притисне и да го загрози голот на Шмајхел, па на крајот загубија со гол негатива.
Во полуфиналето Данска ќе се пресмета со подобриот од вечерниот дуел меѓу Украина и Англија, в среда на „Вембли“.
„Go“