Денеска, на седмиот ден од ЕУРО 2020, Македонија го игра вториот натпревар. Во Букурешт, македонската репрезентацијата ќе атакува на први бодови во дуел со Украина.
И Украинците и ние, влегуваме во оваа пресметка без освоен бод, па така дуелот е важен и за двете селекции за понатамошниот тек на Европското првенство.
Македонија ќе се обиде да ги освои првите бодови на ЕУРО шампионатот, по поразот од Австрија од 3:1. Фудбалерите најавуваат давање на максимум и на овој меч.
„Мора да играме најдобро, ова е ЕУРО. Само така можеме да дојдеме до добар резултат. Дојдовме тука да обезбедиме пласна во следната фаза. Кој ќе го освои тој меч, ќе ги зголеми шансите за следната фаза. Не чувствуваме никаков притисок, мотивирани сме и ќе играме да победиме“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Селектор на Украина е легендарниот Андреј Шевченко. Шевченко вели дека ова е клучен меч за двете репрезентации.
„Сакаме да играме најдобро. Ги анализиравме многу, и верувам дека ќе ги искористиме нивните слаби страни. Тие сакаат да играат повеќе низ средината, а ние сакаме да играме напаѓачи“, вели Шевченко.
Tv„21“










