Видео од египетски камион како пренесува медицинска помош до Газа со само 50 кутии внатре кружи на Интернет, што значи само еден процент од очекуваниот број кутии, пренесува „New Arab“.

Три мажи стојат пред камионот. Едниот се искачил внатре за да и ја покаже содржината на камерата, додека другиот коментирал дека очекувале 5000 кутии.

Според еден од мажите, антибиотикот „Меропенем“ е во кутиите.

Египет даде неколку јавни ветувања за поддршка на Палестина, за време на последните воздушни напади врз Газа.

Истакнатиот палестински активист, Рами Шаат, останува во затвор, додека две лица беа уапсени за подигање на палестинското знаме на плоштадот Тахрир, за време на нападите.

Еден лекар, кој доброволно се пријавил за ранетите во Газа, бил уапсен бидејќи на „Twitter“ напишал за своето патување до северен Синај.

Египет вети дека ќе им пружи помош на ранетите Палестинци во северен Синај во три болници, до 26 мај, пет дена по запирањето на израелскиот бомбардирање.

Новинарите кои известуваа за египетскиот третман на ранетите Палестинци во Северен Синај ,беа злоупотребени од безбедноста, им беше забрането да снимаат по пристигнувањето во болницата „Ариш“ и беше запленет телефон на еден од новинарите.

Болниците и медицинските работници во Газа, се борат да одговорат на огромниот број ранети, бидејќи здравствениот систем веќе се бори по 14-годишна блокада и глобална пандемија со недостиг на лекови и медицински персонал.


„MEMO“

„Dubai-Portal“