„Оживувањето на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, ќе мора да почека за формирање на нова иранска влада“, рече шефот на органот за надзор на нуклеарната организација на ООН во изјавите објавени денес, објави „Reuters“, додавајќи дека на договорот е потребна политичка волја на сите партии, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Секој знае дека ќе биде потребно да се почека новата иранска влада во овој момент“, рече Рафаел Гроси, во интервју за италијанскиот дневен весник „La Republica“, одговарајќи на прашањето во која фаза се преговорите за договорот.
Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (MAAE), се чини дека се однесува на претседателските избори во Иран, закажани за в петок.
Новиот ирански претседател се очекува да го назначи својот кабинет до средината на август. „Мандатот на сегашниот претседател Хасан Рухани, завршува на 3 август“, рече владиниот портпарол.
Шестата рунда разговори за заживување на договорот продолжи во саботата во Виена меѓу Иран и светските сили.
МААЕ не учествува директно во преговорите, но е поканета да ги верификува и да продолжи со инспекциите во земјата.
„Дискусиите што траеја со недели се занимаваа со многу сложени и деликатни технички прашања, но она што е потребно е политичката волја на партиите“, рече Гроси.
„MEMO“
„Dubai-Portal“
