Денеска се играат три натпревари во рамките на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, известува Агенција Анадолија (АА).
Во шестиот ден од натпреварите по групи на ЕВРО 2020 се играат три натпревари.
Во групата Б се среќаваат репрезентациите на Финска и на Русија. Натпреварот започнува во 15:00 часот и ќе се игра на стадионот во Санкт Петербург.
Досега овие две репрезентации се сретнале четирипати и на сите средби Русија излегла како победник.
Во групата А денеска се игра натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Велс. Средбата ќе се игра на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, со почеток во 18:00 часот. Овие две репрезентации досега одиграле шест меѓусебни средби.
Турција извојувала победа двапати, еден натпревар завршил нерешено, а Велс трипати успеа да ја совлада Турција.
Третиот натпревар што ќе се игра денеска е меѓу репрезентациите на Италија и Швајцарија во групата А. Овој дуел ќе се игра на Стадионот „Олимпико“ во Рим со почеток во 21:00 часот.
Репрезентациите на Италија и Швајцарија досега имаат одиграно 57 средби. Италија извојувала победа на 28 натпревари, 22 средби завршиле без победник, а Швајцарија победила на 7 натпревари.
Anadolu Agency










