Ељиф Елмас одигра солиден меч против Австрија, но за жал не помогна да се избегне поразот на дебито на Европското првенство. Дополнителна мотивација за нашиот репрезентативец на ова натгпреварување ќе биде присуството на голем број скаути од европските гиганти.
За него специјално допатуваа претставници на неколку клуба. Меѓу нив најсериозни во намерата да го доведат се Борусија Дортмунд, Бенфика и Лидс.
21-годишникот важи за еден од најдобрите во репрезентацијата на Македонија. Талентираниот фудбалер постојано игра од првата минута и многу работи во офанзивната линија зависат од неговите квалитети.
Елмас има исклучително чувство за додавање и заедно со неговата способност да ја контролира топката и често да биде поуспешен во дуелите еден на еден, би бил совршено засилување за било која екипа.
Gol









