Репрезентацијата на Франција синоќа ја совлада Германија со 1: 0 во Минхен во рамките на првото коло од групната фаза на Европското првенство.

На „Алијанц Арена“ гледавме навистина одличен натпревар помеѓу Франција и Германија, а на крајот, актуелните светски шампиони успеаја да победат. Решавачкиот момент се случи во првото полувреме кога Матс Хумелс си постигна автогол.

По завршувањето на мечот, Пол Погба се најде во центарот на вниманието, тврдејќи дека Антонио Рудигер го каснал за време на мечот, што јасно можеше да се види на репризата.

Сепак, Погба имаше уште еден настап на прес-конференција. По пристигнувањето на пресот, Погба виде дека има шише Хајнекен и реши да го отстрани.

Изразот на лицето на Погба беше доста сериозен кога виде дека има шише пиво на масата и многумина се прашуваа зошто го стори тоа.

Имено, познато е дека Погба е многу врзан за исламот и не го крие тоа. Познато е дека на муслиманите им е забрането да консумираат алкохол и очигледно е неприфатливо за Погба воопшто да има алкохол во неговата близина.

Ова е втор пат веќе на еврото да се случи слично нешто затоа што пред само неколку дена истото го стори и Кристијано Роналдо, но со шишиња кока-кола.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=PTqYMan7aRI[/embedyt]