БЕЛГРАД (АА) – Досега во Србија пријавени се 755 несакани реакции на вакцините против коронавирусот, што е една пријавена реакција на 3.973 имунизирани граѓани, изјави претставникот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Павле Зелиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Сите реакции беа благи – оток, црвенило, болка, висока температура, болка во мускулите, мачнина“, објасни Зелиќ за Радио-телевизија Србија и додаде дека тоа не е ништо загрижувачко.

Во Србија е достапна имунизацијата со вакцините на „Синофарм“, „Фајзер/БајоНТех“, „АстраЗенека“ и „Спутник ве“, а Зелиќ рече дека „Модерна“ сè уште нема поднесено барање за регистрација, дека во тек се преговори и дека очекува и таа вакцина да се најде во понудата.

Тој наведе и дека вакцини има доволно, затоа што досега во Србија пристигнале повеќе од 3,5 милиони дози.

Anadolu Agency