Со маршот насловен „Проклетство на теророт“, мајки од Дијарбакир и претставници на невладини организации од Сирт реагираа на терористичката организација ПКК, која им ги киднапира децата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мајките од Дијарбакир, кои сметаат дека Народната демократска партија ХДП е одговорна за киднапирањето на нивните деца, на 3 септември 2019 година, започнаа штрајк. Нивниот штрајк продолжува 577 дена.

Семејствата на крстосницата на булеварот во Шанлиурфа се сретнаа со група од 70 лица, вклучувајќи и некои претставници на невладини организации, кои дојдоа од градот Сирт да ги посетат.

На маршот се извикуваа паролите „Долу ПКК, долу ХДП“, „Курдите и Турците се браќа, ХДП се предавници“. Од друга страна, мајките носеа натписи на кои пишуваше: „Ги сакаме нашите деца“, „Нашите деца нема да бидат пиони на никого“, „Мајките од Сирт се заедно со мајките од Дијарбакир“, „Храбрите срца на нашите мајки ќе стават крај на тероризмот“, „ХДП и ПКК се исто“.

Маршот заврши пред зградата на провинциската дирекција на ХДП во Дијарбакир.

– „Напишавте голема епопеја продолжувајќи го вашиот отпор, и покрај заканите и притисоците“

Во изјавата во име на групата која дојде да ги поддржува семејствата, претседателот на Здружението на семејни лекари на Сирт, Озгур Ајдин, рече дека се дојдени да го поддржат славниот отпор на мајките од Дијарбакир кој го иницира мајката Хаџире.

Ајдин, наведувајќи дека отпорот на мајките е заеднички глас на 83 милиони луѓе во Ајдин, рече: „Не е можно да се игнорира овој плач, да не се слуша овој глас, да не се поддржуваат нашите мајки кои копнеат по своите деца. Сега одговорноста на сите невладини организации, бранители на човекови права, активисти, уметници, интелектуалци, новинарите и политичарите е хуманитарно и совесно да застанат со мајките од Дијарбакир.“

„Треба да се знае дека местото на децата не се планините, туку до нивните мајки и нивните училишта. Децата треба да имаат книги, а не оружје“, рече Ајдин, нагласувајќи дека ниту една моќ нема да може да го прекине братството во земјата.

Ајдин, посочувајќи дека мајките во Дијарбакир започнале благословен отпор, рече дека должност е на сите да го поддржат овој отпор.

Обраќајќи им се на мајките и нивните деца, Ајдин додаде:

„Напишавте голема епопеја со продолжување на вашиот отпор, и покрај сите закани и притисоци. Историјата со голема почит ќе напише за вас и за овој благословен отпор против тероризмот. Без страв го покажавте вистинското лице на теророт. Деца, послушајте ги вашите мајки! Немојте да дадете можност да ве искористат како пиони. Добро запознајте ги чудовиштата кои сакаат да се хранат со вашата крв. Верувајте во сочувството на нашата држава и вратете се во вашите топли домови.“

– „Мајките од Дијарбакир ќе го победат тероризмот“

Февзи Севгили, советник на Министерството за внатрешни работи, кој се наоѓаше во групата, изјави дека мајките од Дијарбакир се совеста на народот.

„Мајките од Дијарбакир ќе го победат тероризмот“, рече Февзи Севгили, и додаде:

„Мајките од Дијарбакир никогаш нема да бидат сами, тие секогаш ќе имаат место во нашите срца. Ние ќе бидеме со нив и ќе ги поддржиме.“

Основачот на огранокот на АК Партијата во Сирт, Мехмет Шефик Ерден, истакнувајќи дека ќе продолжат да се борат против ПКК и другите терористички организации исто како што се бореле досега, рече: „Мајките од Дијарбакир со овој свет отпор ја подигнаа цела Турција на нозе. Го покажавте нивното вистинско лице. Оттука ги осудувам.“

Ерден, меѓу другото, посака семејствата што побргу да стигнат до своите деца.

Anadolu Agency