Околу 15 милиони вакцини на „Џонсон и Џонсон“ се уништени поради фабричка грешка

by Administrator

Фабриката која требаше да произведе десетици милиони дози од Џонсон и Џонсон, што беа важен дел од планот на Бајден за вакцинирање на земјата, сега треба комплетно да престане со производство додека властите не ја истражат грешката.

Се работи за фабриката на Емерџент Биосолушнс во Балтимор, која освен Џонсон и Џонсон, произведува вакцини и за Астразенека.

Токму заради ова настанува и грешката, кога вработените ги помешуваат состојките за двата различни видови вакцина со што уништуваат 15 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон.

OFFnet

You may also like