Рускиот амбасадор во Египет и понуди на египетската влада „секаква можна помош“ за деблокирање на Суецкиот канал, кој го блокираше брод со контејнери долг 400 метри. Бродот Евер Гивен се заглави во вторникот во Суецкиот канал за време на песочна бура, блокирајќи една од најпрометните рути во светот. Москва е подготвена да помогне на сите можни начини, изјави рускиот амбасадор Георги Борисенко во интервју за РИА Новости. „Се надеваме дека овој проблем ќе биде решен во многу блиска иднина, дека каналот повторно ќе профункционира и, се разбира, подготвени сме да им ја пружиме сета можна помош на нашите египетски пријатели“, изјавил тој.

Египет не побара помош од Москва, но Русија „сочувствува со она што се случува во моментот во Суецкиот канал, важна поморска рута за целиот свет“, додаде тој. Египетските власти шести ден по ред се обидуваат да го извлечат бродот користејќи десетина влекачи и багери кои копале песок под бродот. Поради блокадата на каналот, светските превозници размислуваат за испраќање на товарни бродови преку Cртот на добра надеж во Јужна Африка, подолга и поскапа рута помеѓу Азија и Европа. Русија оваа недела понуди да го пренасочи сообраќајот кон северната траса на Арктикот, што е за 15 дена пократко. (Вијести.ба)