Главна тема во шпанските медиуми последните денови е потенцијалното враќање на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид по три години поминати во италијански Јувентус.
Во својот најнов број, шпанскиот весник „Марка“ се повикува на свои извори блиски до Португалецот и пишува дека тој би се вратил во шпанската престолнина, во случај „кралскиот клуб“ да биде заинтересиран за него.
– Роналдо е убеден дека сепак може многу да придонесе во успесите на Реал – пишува „Марка“.
Одличниот голгетер оваа сезона постигна 30 погодоци на 34 натпревари, а во претходната имаше 28 погодоци на 43 мечеви.
Главната амбиција на Роналдо да дојде во Торино беше освојување на трофејот во Лигата на шампионите, но тоа досега не му успеа, оваа сезона „Старата дама“ под водство на Андреа Пирло беше елиминирана од Порто.








