Струга: Соодветна пријава за едно лице, поради физички напад

by Administrator

На 23.03.2021 година околу 14 часот, на паркинг простор на улицата „Владо Малески“ во Струга, сопственост на Јавното претпријатие за комунални дејности „Еко Струга“, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Д. (42) од струшкото село Делогожда врз Х.Ж.(27) од истото село, вработен во Јавното претпријатие. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

You may also like