„Нашата теорија дека ова е силен имунолошки одговор, најверојатно предизвикан од вакцината, е потврдена“, вели професорот и главен лекар Пал Андре Холм (Pål Andre Holme).

Кај „АстраЗенека“ биле пронајдени смртоносни згрутчувања на крвта

Хоспитализирани се тројца норвешки здравствени работници на возраст под 50 години. Еден е мртов.

„Откриена е причината за состојбата на нашите пациенти“, објави денеска главниот лекар и професор, Пал Андре Холм (Pål Andre Holme), за норвешкиот национален весник „ВГ“ („VG“).

Холм (Holme) водеше истражување, за да открие зошто тројца здравствени работници на возраст под 50 години, се хоспитализирани со тромби и ниско ниво на тромбоцити, по вакцинирање со вакцината на „АстраЗенека“ („AstraZeneca“). Еден од здравствените работници почина во понеделникот.

Експертите работеа на теоријата, дека вакцината всушност предизвика неочекуван и силен имунолошки одговор – теорија за која тие веруваат дека ја потврдиле.

„Откриена е нашата теорија дека ова е моќен имунолошки одговор, кој најверојатно бил предизвикан од вакцината. Во соработка со експерти од оваа област од Универзитетската болница во Северна Норвешка ХФ (University Hospital of North Norway HF), откривме специфични антитела против тромбоцити, кои можат да предизвикаат овие реакции и кои ги знаеме од други области на медицината, но потоа со медицински лекови како причина за реакции“, објаснува главниот лекар „ВГ“ („VG“).

Запрашан да разјасни, зошто вели „најверојатно“ во говорот, Холм (Holme) самоуверено одговара, дека е пронајдена причината за овие ретки случаи, на згрутчување на крвта.

„Имаме причина. „Ништо освен вакцина не може да објасни зошто овие луѓе, го имале овој имунолошки одговор”, рече тој.

ВГ исто така прашува како Холм може да знае дека имунолошкиот одговор, не е предизвикан од ништо друго, освен вакцината.

„Нема ништо во историјата на пациентите, што може да даде толку моќен имунолошки одговор. „Убеден сум дека антителата што ги најдовме, се причина и не гледам друго објаснување, освен дека вакцината е таа што го прави тоа“, одговара тој.

Тројцата здравствени работници, кои ја примаа вакцината, влегоа во болницата со многу ретка состојба:

Имаа акутна болка
Тие имааа згрутчување на крвта на необични места, како што се стомакот и мозокот
Покрај тоа, тие имааа крварење и мал број на тромбоцити

Норвешката агенција за лекови (The Norwegian Medicines Agency) не сака да ги коментира заклучоците на Универзитетската болница во Осло (Oslo University Hospital).

„Прво мора да ги разгледаме резултатите, не сакам да го коментирам ова сега“, изјави медицинскиот директор Стеинар Мадсен (Steinar Madsen), за „НТБ“ („NTB“), норвешката новинска агенција.

Комитетот за безбедност на Европската агенција за лекови, се очекува да донесе заклучок во скоро време, а Мадсен (Madsen) вели дека ги очекува нивните резултати.


„ScienceNorway“

„Dubai-Portal“