Речиси сите кои се пријавија за вакцинација во Србија, веќе се вакцинирани. Но три четвртини од полнолетното население во земјата, се нема пријавено за корона-вакцини.
„Ова е апсурдно“, вели епидемиологот Зоран Радовановиќ за ДВ. „Ние сме единствена земја во светот во која понудата на вакцини е поголема од побарувачката“. Додека во светските медиуми одекнува мешавина од чудење и воодушевување од брзиот почеток на вакцинацијата во Србија, податоците објавени деновиве го отвораат прашањето дали наскоро корона-вакцините од кинеско, руско и западно производство ќе се трупаат во српските магацини?
Имено, во Србија над еден милион луѓе имаат примено барем по една доза вакцина, додека на листа на чекање се уште двесте илјади граѓани. Тоа значи дека од 5,5 милиони полнолетни граѓани, само една четвртина се пријавиле примање вакцина.
Според официјалните претставници, Србија веќе набавила или нарачала околу петнаесет милиони дози, што е безмалку доволно населението по двапати да прими по две дози. Но, сега се чини е невозможна мисија да се најдат доволно луѓе подготвени да ја примат вакцината.
„Sloboden Pecat“










