Околу 33.000 Романци се откажаа од доза на анти-ковид вакцината „АстраЗенека“ во само еден ден, јавија романски медиуми. Според весникот „Журнал“, тоа се должи на стравот од несакани ефекти од вакцината која е тема на огромни полемики.
Координаторот за вакцинација во Романија, Валериу Георгита изјави дека во изминатите 24 часа се откажани 33.000 вакцинации со „АстраЗенека“ од вкупно закажаните 448.896.
„Во моментот во центрите за вакцинација каде се аплицира „АстраЗенека“, имаме голем број на луѓе кои се откажаа од вакцинација со таа вакцина. Бројот на закажани вакцинации со „АстраЗенека“ е 446.896, изјави тој.
Властите во државата продолжуваат со вакцинација на „АстраЗенека“ се додека не добијат мислење од Европската агенција за лекови.
„Слободен Печат“







