Шведска се придружува на групата земји кои привремено ја суспендираа употребата на вакцината на „АстраЗенека“, соопшти здравствемата агенција во земјата, наведувајќи дека одлуката е донесена како мерка на внимателност.

Германија, Франција, Италија и уште неколку членки на Европската Унија веќе истакнаа дека ќе запрат со користење на вакцината на „АстраЗенека“ во националните програми за имунизација на населението по случаите со сериозни нуспојави што се појавија по апликација на доза.

Sloboden Pecat