Во северниот дел на окупираниот Западен Брег, двајца Палестинци, кои ги штителе своите куќи од нападите на илегалните израелски доселеници, се ранети како резултат на отворениот оган од страна на израелските војници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Билал Ијд, координатор на народниот комитет за отпор против нелегалните населувања во градот Наблус, во изјава за АА истакна дека еврејските доселеници во градот Бурин ја нападнале куќата на еден Палестинец, што е во изградба, и дека срушиле дел од оваа куќа.

„Доселениците дојдоа и нападнаа, а по извесно време дојдоа и израелските војници и отворија оган со вистински куршуми со цел да ги отстранат Палестинците. Користеа звучна бомба и солзавец. Израелските војници не презедоа ништо против доселениците“, рече Ијд.

Тој информираше дека како резултат на отворањето оган од страна на израелските војници, ранети се двајца млади Палестинци.

Според него, повредените се пренесени во болницата „Рефидија“ во Наблус, а еден од ранетите се наоѓа во тешка состојба.

Anadolu Agency