Германија: Протести поради мерките против Ковид-19

by Administrator

Во многу германски градови вчера беа организирани протести поради мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

May be an image of 3 луѓе, луѓе кои стојат и надвор

Околу илјада луѓе под слоганот „Веќе е доста“ се собраа пред Министерството за здравство на Германија во Берлин.

May be an image of 5 луѓе, луѓе кои стојат, надвор, гужва и текст кој вели „MERKEL SPAHN+CO. die SCHIKANEN Sind SADISMUS“

Демонстрантите истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Укинете ги мерките“, „Слобода наместо Меркел“, „Основните права не се подарок“ и слично.

Претставниците на собраните граѓани го критикуваа воведувањето на мерките и рекоа дека се размислува за барањата на фармацевтскиот сектор наместо за желбите на народот.

May be an image of еден или повеќемина

Многу од присутните демонстранти не носеа маски и не ги почитуваа правилата за дистанца. Полицијата во повеќе наврати повика на почитување на пропишаните мерки.

May be an image of 2 луѓе и луѓе кои стојат

Во Дрезден се одржани протести иако се строго забранети масовни јавни собири.

Германските медиуми известија дека собраните граѓани ги игнорирале повиците на полицијата да престанат со протести, а демонстрантите кои не ги почитуваа мерките за носење маска и држење физичка дистанца ги нападнаа припадниците на безбедносните сили.

Генералниот секретар на огранокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Саксонија, Александер Диеркс, остро го осуди насилството кон полицијата и додаде дека демонстрантите го покажале вистинското лице. Верува дека станува збор за луѓе што се склони кон насилство.

„Ваквите луѓе би требало да ја почувствуваат силата на правната држава“, смета Диеркс.

Во Дизелдорф се собраа околу две илјади луѓе. Полицијата ги прекина демонстрациите бидејќи собраните не носеа маски ниту ги почитуваа правилата за социјална дистанца.

Повеќе стотици луѓе се собраа и на протестите во Киел, Ханове, Штутгарт и Постдам.

You may also like