АНКАРА (АА) – Во рамките на истрагата на Обвинителството во Анкара, против структурите на терористичката организација ФЕТО во Воздухопловните сили на Република Турција, приведени се 11 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обвинителството соопшти дека во рамките на истрагата која ја води Кабинетот за истражување на терористички акти е издаден налог за приведување на 16 лица осомничени за поврзаност со структурите на ФЕТО во Воздухопловните сили.

Осомничените лица се товарат дека комуницирале со т.н. цивилни имами на ФЕТО на подрачјата на кои биле ангажирани.

Акцијата е спроведена во десет области, меѓу кои е и Анкара, заради приведување на 11 члена на воениот персонал, меѓу нив се 6 воени лица во активна служба, двајца во пензија и тројца суспендирани подофицери и 5 т.н. имами.

Припадниците на безбедносните сили во Анкара приведоа 11 осомничени лица.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.