АНКАРА (АА) – Данска денеска привремено ја запре употребата на вакцината против Ковид-19, која ја разви „АстраЗенека“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од данската Управа за здравство и лекови е наведено дека причината за таквата одлука е појавата на неколку случаи на згрутчување на крвта кај луѓето кои се вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“.

Наводите ги истражува и Европската агенција за лекови (ЕМА). По 14-дневно запирање на вакцинирањето, здравствените власти ќе издадат нова проценка.

За можната сериозна нуспојава, данскиот министер за здравство, Магнус Хеунике, на Твитер напиша дека е премногу рано да се заклучи дали постои врска со вакцината, истакнувајќи ја потребата за темелна истрага.

Причина за прекин на вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“ е смртта на еден пациент која здравствените власти ја поврзуваат со вакцината. Сепак, таа информација сѐ уште не е официјално потврдена.

Anadolu Agency