Висок службеник на СЗО, против воведување ковид пасоши

by Administrator

Висок службеник на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека таканаречените ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради голем број причини, вклучително и фактот дека во моментов вакцините за коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Ова е ставот на шефот на итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан. Тој додаде дека постојат „вистински практични и етички размислувања“ за воведување ковид пасош за услов за патување.

„Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа“, рече Рајан на прес-конференција.

СЗО претходно кажа дека не се знае колку трае имунитетот на вакцините за Ковид-19.

Меѓудругото, Рајан кажа дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои од разни причини не можат да се вакцинираат.

TV21

You may also like