Потомок на четвртата генерација на османлискиот султан Абдул Хамид Втори, Абдулхамид Кајхан Османоглу беше пречекан во Истанбул од група обожаватели кои скандираа „Ние одиме по твојот пат“. Станува збор за членови на организацијата наречена „Девлет“ и „Алије Окаклар“, “Devlet” -i Aliyye Ocakları” која ја слави османлиската култура. Името и значи „Организација на големата моќ“.
Абдулхамид Кајхан Османоглу пристигна во Истанбул на состанок по повод 103-годишнината од смртта на султанот, пишува денеска турскиот медиум Дувар.
Целата група, предводена од омилениот гостин – правнук на султанот, потоа, во придружба на Османлискиот воен оркестар, традиционален музички ансамбл од јаничарските единици, кој некогаш ги бодреше воените сили на Османлиската империја во војната (истиот оној кој своевремено настапи во Сараево Башчаршија), маршираше кон поранешната христијанска базилика и сега џамија Аја Софија.
Патем, самиот султан Абдул Хамид Втори, кој владееше од 1876 до 1909 година, беше познат по прогонот на христијаните во Отоманската империја и војната на Балканот по кој по Берлинскиот конгрес изгуби многу територии, вклучувајќи ги Кипар и Египет.










